Ќе биде стопирана реконструкцијата Алипашината џамија во Охрид. Министерот за култура Алаѓозоски после бурните реакции најави стопирање и реевидирање на проектот.
Здружението „Совест“ пред еден месец обелодени дека Алипашината џамија се доградува без одобрение за градба.
-„ Ќе го стопираме проектот за да видиме да најдеме заедничко решение не би дозволиле тау да се гради, а самото градење да предизвикува етнички тензии и да биде надвор од законските процедури“, вели Роберт Алаѓозоски министер за култура.
И инспекторатот констатирал низа законски пропусти, конзерваторското решение од завод и музеј не дозволува дивоградби на споменичното добро.
-„Да ги смириме тензиите, да се држиме до законите и законската процедура и да ги решаваме односно судбината на Алипашината џамија да ја вратиме во рамки на она што го нудат законските процедури“, додава Алаѓозоски.
Охриѓани пред еден месец го кренаа гласот против незаконското доградување на Алипашината џамијата во охридската чаршија. Најголемо негодување предизвика најавата за изградба на 32 метри високо минаре, кое ќе биде најдоминантиот објект во централното градско јадро.
Велат недозволиво е градот на православието да се ребрендира со обележја кои ја менуваат визурата на Охрид.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
