Кочоски најавува нови проекти за Вевчани

Во Вевчани во тек е реализација на голем број инфраструктурни проекти. Градоначалникот Спасе Кочоски во новиот втор мандат планира да ја реновира кино салата и да изгради мултифункционално фудбалско игралиште. Во најмалата општина во земјава последниве години силно се вложува и во реконструкција на локалните улици и патишта. Општината за таа намена доби  400.000 евра од унгарскиот кредит.

– За инфраструктура, за реконструкција на улици. Најголем проект е реконструирање на 4 улици во износ од 2 км. Тие се главни улици во Вевчани.  Целостна реконструкција, канализација, вода, подземна, електрична енергија, кандалабиско осветлување  и нормално реконструкција на градинката, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Зеленото Вевчани последниве години привлекува се поголем број туристи., но треба да се работи на промоција и изградба на повеќе сместувачки капацитети.

-Нормално, работиме активно на развивање на туризмот во Вешчани, да направиме во Вешчани поатрактивно место за туристите што доаѓа. Да недостигаат капацитети, но сето тоа е зависи од интерес на приватниот сектор. Тоа е како тие одлучат некој дали  има економски интерес да изгради капацитет.  Вистина, капацитетите во Вевчани  ни се најмногу за дестетина души, најмногу за сместување, ни треба барем капацитет каде би сместил 50 души во еден автобус, додава Кочоски.

Вевчани неодамна  го доби првиот детски забавен парк.  Првата зелена општина во земјава инвестира и во енергетска ефикасност. Општината обезбеди грант за  зголемување на капацитетот на постоечкиот фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на детската градинка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани