Колекторот на Охридското езеро конечно под капа на државата

Колекторот од Охридското езеро конечно под капа на државата.

Министрите на денешната владина седница донесоа одлука за основање на Јавно претпријатие ,,Колекторски систем“.

 

Со одлуката на Владата, всушност се прави поделба на досегашното Меѓуопштинско јавно претпријатие „ Проаква“ , кое беше голем финансиски проблем за општините Охрид и Струга, бидејќи претпријатието беше нефункционално и работеше со загуби. На одлуката на  Владата на Република Македонија  и претходеа постапки за делбен биланс и одлуки на Советите на општините Охрид и Струга. По формирањето на јавното претпријатие за управување со колекторскиот систем, општините Охрид и Струга  ќе формираат нови  јавни претпријатија за стопанисување со водоводните системи.

 

Одлуката на Владата на Република Македонија со олеснување е примена кај локалните власти, но и кај граѓаните и  стручната јавност, бидејќи  со формирањето на новото јавно претпријатие  се решава еден витален и повеќедецениски проблем со заштитата на Охридското Езеро, кое како светско природно наследство е на листата на УНЕСКО.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани