Дежурните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ мапираа осум диво создадени мини-депонии од страна на несовесни граѓани, кои ја загрозуваат животната средина и здравјето на населението.
Депониите биле евидентирани на повеќе локации во Охрид, и тоа: локалитетите Бејбунар и Мегдани, населбите Даљан и Гоце Делчев (Бараки), улицата „Галичица“, како и во близина на станбениот комплекс кај Општата болница.
Во текот на вчерашниот ден, надлежните служби извршиле целосно расчистување на наведените локации, при што биле подигнати 24 кубни метри кабаст отпад и градежен шут.
Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку отпадот да го одлагаат согласно пропишаните правила, со цел заштита на животната средина и заедничкиот јавен простор.


