Комуналните претпријатија се соочуваат со недостиг на стручен кадар

Комуналните претпријатија во земјава се соочуваат со финансиски потешкотии и натрупани долгови. Причините се недомаќинско работење, ниските цени на услугите, како и застарената инфраструктура. Сето тоа директно влијае врз ефикасноста и квалитетот на услугите кон граѓаните. Ова беше истакнато на настанот Денови ан АДКОМ; што денес се одржува во Охрид.

– Дел од тие причини се застарената инфраструктура, недостигот на квалификуван кадар и некоординацијата меѓу институциите, вели Горан Степаноски, член на УО на АДКОМ.

Во комуналните претпријатија работната сила старее, а недостигаат млади професионалци. Најмногу недостига обичниот работник, а причините се ниските плати.

-Една од причините можеби се и ниските плати што ги нудат самите претпријатија и токму поради тоа се неатрактивни за младите луѓе, вели Гоце Ангеловски, член на УП на АДКОМ.
0100 Недостасуваат луѓе од типот на градежни инженери, како и стручни лица во делот на уредување на зелените површини.

-Анализата покажува дека само 2 % од вработените во комуналниот сектор се млади. Тоа значи дека над 40 % во следните години ќе се пензионираат, што може да доведе до недостиг на кадар за одржување на системите, вели Јане Вртески, проект менаџер во АДКОМ.

Состојбата во комуналните претпријатија укажува дека се потребни итни и суштински реформи, подобро управување и поголеми вложувања во човечки ресурси, опрема и инфраструктура.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани