Конституиран градскиот совет, кој ќе има мнозинство?

Денес се конституира градскиот совет на општина Охрид. Комисијата за верификација и избори ги верификуваше добиените манадати на советниците. 

 

Кој ќе го има мнозинството во градскиот совет се уште не е познато. СДСМ има 11 советници, Вмро Дпмне има 10 советници а ДУИ двајца. 

Секоја одлука  ќе зависи од двајцата советници од албанскиот блок. 

Координаторот на советничката група на СДСМ Константин Георгиески кратко одговори дека Охрид доби совет кој секогаш ќе носи одлуки во нивна полза за доброто на Охрид и охриѓани. 

-Советот нема да биде на климави туку на сигурни нозе. Дали преговарате за мнозинство? Да преговараме,кратко  рече Георгиески. 

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека не се знае исходот од прегворите. 

-Ние ќе делуваме принципиелно и конструктивно за доброто на Охрид. Ќе ги поддржиме тие точки кои се од интерес на градот а онаму каде ќе треба да се критикува ќе критикуваме. Ќе видиме како ќе звршат тековните преговори, рече Кирил Пецаков координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. 

За градоначалникот Јован Стојаноски мнозинството не е важно. Тој ги повика советниците да работат во интерес на граѓаните. Според него  цивилизациски и демократски напредок  е за градначалникот да работи во средина во која го нема мнозинството на советот.  

-Ова беше свечена церемонијална седница  на која новите 23 советници дадоа свечена изјава во која ја изразија својата јасна волја дека ќе ги штитат интересите на граѓаните кои што ги избрале да раководат со општината во следните четири години.Би им порачал да бидат сложни, да имаат разбирање и да ги штитат интересите на граѓаните. Чест и обврска е да се биде советник избран од народот, рече Јован Стојаноски градоначалник на град Охрид. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани