Вчера се одржа конститутивната седница на Советот на Општина Вевчани.
Советниците дадоа свечена заклетва. За Претседател на Советот на Општина Вевчани едногласно е избран доктор Душко Ѓурчески.
-На Претседателот Ѓурчески и на останатите Советници им посакувам успешна и конструктивна работа во интерес на Општина Вевчани, истакна градоначалникот на општна Вевчани Сашо Јанкоски.