Коѕијас попладнево пристигнува во Охрид

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас попладнево ќе допатува во Охрид, по што ќе има работна вечера со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

 

Официјалната средба е закажана за утре. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.

Во однос на средбата во Охрид, премиерот Зоран Заев очекува да се постигне дополнителен прогрес, по разговорите на двајцата министри во Виена. Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост, пишува 24 Вести. 

Охридската средба се случува една недела пред ЕК да го соопшти извештајот за напредокот на Македонија, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани