На 11.10.2017 година во 20.36 часот во Полициската станица Струга, А.А. пријавил дека на ул.„Маршал Тито“, во куќата сопственост на неговиот татко Ш.А. (61), истиот ден во периодот од 18.00 до 20.00 часот, непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.