ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Б.(36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ по член 239 од Кривичниот законик.
Според информациите, на 28 декември 2025 година, пријавениот неовластено присвоил патничко возило сопственост на авто сервис од Струга, каде што бил вработен.
Како што информираат од полицијата, тој претходно од сопственикот на сервисот имал полномошно за привремено користење на возилото за службени потреби.
