СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч. (57) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според информациите, на 29.07.2025 година, по претходна пријава дека на јавно место, на потегот од месноста „Чинар“ до црквата „Св. Богородица“, носел пушка, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случајот.
Пријавениот бил пронајден во дворот од неговиот дом, под дејство на алкохол, при што до него била затекната пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR, за која не поседувал дозвола.
