Кривична пријава за тешка телесна повреда против параглајдинг инструктор

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според пријавеното, на 28 јули 2026 година, К.Т., во својство на параглајдинг инструктор во состав на параглајдинг компанија, без да ѝ даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем-лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска.

За време на приземјувањето во близина на Струга, жената се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена на лекување во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани