Оштетено „порше“ во Струга, приведен 37-годишен државјанин на Србија

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

Според пријавата, на 4 септември пред угостителски објект во Струга, тој насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност, со што предизвикал значително оштетување на возилото, по што избегал.

По преземените мерки, М.С. бил лишен од слобода.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани