Охриѓани нападнале полицајци а државјани на Турција фалсификувале пари и купиле мобилен телефон.
Според полициските соопштенија, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (31) и А.И. (33), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. -Пријавените им се заканувале и физички нападнале двајца полициски службеници кои постапувале по писмена наредба за претрес од Основен суд Охрид, информира Стефан Димоски, портпаролна СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А. (25) од Дијарбакир, РепубликаТурција, со престојувалиште во Битола и И.К. (23) од Дијарбакир, Република Турција, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување пари“. А.А. и И.К., при купување на половен мобилен телефон од лицето Б.К. (23), платиле со три фалсификувани банкноти од по 100 евра.
