Кривични пријави за насилство и напад на службено лице

Кривични пријави за насилство и напад на службено лице.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(26) од Охрид, В.М.(42) и Н.М.(38), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца и Д.Н.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, додека против М.И. е поднесена и пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување“, а против В.М. и Н.М. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавените ги сториле кривичните дела на 11.06.2024 во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, каде што го нарушиле јавниот ред и мир со насилничко однесување, ја загрозиле сигурноста на присутните, упатиле закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и оштетиле службено полициско возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани