Куп награди за охридските теквондисти на Меѓународниот „3 Гран При Зворник 2022“

Куп награди за охридските теквондисти на Меѓународниот „3 Гран При Зворник 2022“.

Викендов што помина Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што учествуваа над 400 натпреварувачи од 36 клубови од 12 земји од Европа.
Нашиот клуб под водставо на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 20 натпреварувачи кои сите учествуваа во 2 дисциплини форми(борба со замилсен противник) и спаринг борби .


На овај престижен натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи 3 сребрни медали , повторно направија уште еден историски успех освојувајќи 23 медали, од кои 11 златни, 6 сребрени, 6 бронзени, пехар за најдобар женски кадет 11-13 години (Христијана Парулеска) и севкупен пласман на овај Гран При натпревар пехар за најдобар клуб , освојувајќи 1 место .
На сите борилишта доминиараа нашите натпреварувачи, мразот го скршија најмладите натпреварувачи Бојана Китаноска, Давид Ристески, Тамара Тодороска, Стефан Чулчески, а потоа продоложија по нив и другите ,а на крај искусните натпреварувачи Христијана Парулеска, Елена Јанеска и Давид Крстескија ја потврдија доминацијата и оправдувајќи го постигнатиот успех од Европското првенство, изјавува Марјанчо Лазаревски кој повторно користи да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ’ , кој и овај пат е најзаслужен за нивниот успех .
Освоени награди:

Пехар за најдобар клуб , 1 место за севкупен пласман на „3 Гран При Зворник 2022“

– Христијана Парулеска
Пехар за најдобар женски кадети 11-13 години
1 место (злато) форми црвен појас женски кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -45 кг женски кадети 11-13 години
-Софија Колушоска
1 место (злато) форми плав појас женски кадети 11-13 години

-Бојана Китаноска
1 место (злато) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
1 место (злато) борби -25 кг девојчиња 8-10 години
-Тамара Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас девојчиња 8-10 години
-Давид Ристески
1 место (злато) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Стефан Чулчески
3 место (бронза) форми жолт виши појас деца 8-10 години
-Теодора Тодороска
2 место (сребро) форми жолт виши појас женски кадети 11-13 години
-Филип Зенгоски
1 место (злато) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Димитар Андрески
3 место (бронза) борби -40 кг кадети 11-13 години
-Климент Богоески
1 место (злато) форми жолт појас кадети 11-13 години
1 место (злато) борби -55 кг кадети 11-13 години
-Теодора Митреска
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниорки 14-15 години
-Филип Митрески
3 место (бронза) борби +60 кг кадети 11-13 години
3 место (бронза) форми жолт виши појас кадети 11-13 години
-Лука Тодороски
3 место (бронза) борби -50 кг кадети 11-13 години

-Михаил Јоноски
3 место (бронза) борби – 65 кг јуниори 14-15 години
-Владимир Димитриевиќ
2 место (сребро) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
-Елена Јанеска
1 место (злато) форми црн појас I дан јуниорки 14-15 години
2 место (сребро) борби – 65 кг јуниорки 14-15 години
-Давид Крстески
1 место (злато) борби – 60 кг јуниори 14-15 години
2 место (сребро) форми црн појас I дан јуниори 14-15 години

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани