Со богата духовна програма и во присуство на бројни верници, вчера во Вевчани беше одбележана Лазарева сабота, еден од значајните православни празници.
Во храмот се одржа Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георги. Настанот помина во свечена атмосфера, исполнета со вера и духовна радост.
Посебен момент на литургијата беше кога богословот Симеон Кукоски беше воведен во црковна служба како чтец, што претставува прв чекор во црковната хиерархија.
Празникот Лазарева сабота се одбележува во пресрет на Цветници и е посветен на воскресението на Свети Лазар, симбол на надежта и победата на животот над смртта.

Свеченоста во Вевчани уште еднаш ја потврди силната духовна традиција и масовната посетеност на верниците кои го одбележуваат овој значаен ден.







