Летна школа за Flipbook анимација за млади во Охрид

Младинскиот центар Охрид ги повикува младите љубители на уметноста, цртањето и анимацијата да се пријават на Летната школа за Flipbook анимација, која ќе се одржи од 10 до 14 август во рамки на манифестацијата „Недела на млади 2026“.

Школата е наменета за млади над 14 години и ќе се реализира секој ден од 11 до 13 часот во просториите на Младинскиот центар Охрид.

Под менторство на графичкиот дизајнер и аниматор Дамјан Шокев, учесниците ќе ги совладаат основите на анимацијата преку техниката flipbook, која со низа рачно изработени цртежи создава илузија на движење.

Преку практична работа и креативни вежби, младите ќе ја изработат својата прва кратка анимација, а завршните проекти ќе бидат претставени пред публика во рамки на завршната програма на „Недела на млади 2026“.

Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен. Заинтересираните можат да се пријават преку онлајн формуларот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани