Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ го забележа најуспешниот јули во својата историја, со рекордни 52.544 патници и раст на патничкиот сообраќај од 41,2 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти ТАВ Македонија.
Во текот на јули биле реализирани 443 летови, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на јули 2025 година. На 26 јули е регистриран и најфреквентниот ден во историјата на аеродромот со 2.988 патници, додека на 20 јули биле реализирани рекордни 22 летови во еден ден.
Од почетокот на годинава до крајот на јули преку охридскиот аеродром патувале 175.182 патници, што претставува зголемување од 24,2 проценти, а бројот на летови е зголемен за 28,7 проценти.
Рекордни резултати бележи и Меѓународниот Аеродром Скопје, со 408.925 патници во јули и раст од 29,5 проценти.
Според најновиот извештај на Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe), Северна Македонија е меѓу најбрзорастечките пазари во Европа, со раст на патничкиот сообраќај од 27,9 проценти во првата половина од годинава, додека скопскиот аеродром е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа.
