Општина Охрид објави ликовиен и литературен конкурс на тема „СИТЕ НИЈАНСИ НА ЕСЕНТА ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ ПРЕПОЛНИ СО ПЛОДОВИ И БОИ“.
Предмет и цел на конкурсот:
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „СИТЕ НИЈАНСИ НА ЕСЕНТА ВО ПОЛИЊА И ГРАДИНИ ПРЕПОЛНИ СО ПЛОДОВИ И БОИ“