Македонија атрактивна гастрономска дестинација

Балканските кујни заеднички ќе се претстават на светскиот туристички пазар.  Со понуда на вкусните национални јадења  Македонија, Хрватска, Бугарија и Грција   ќе привлекуваат туристи.

 

Старите традиционални рецепти се покажаа како магнет за туристите, кои трагајќи по нови вкусови одбираат неоткриени гастрономски дестинации.

– Со зголемувањето на самиот туристички промет преку гастрономската понуда со тоа даваме уште подобри понуди на тур операторите и на сите оние кои што сакаат да ја посетат нашата земја и мислам дека ќе придонесеме доволно да го зголемеме и туристичкиот бенефит нод економски аспект, вели професор Нако Ташков  декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

– Токму тоа е идејата на проектот да се насочи  туристот на определена туристичка дестинација да се вкусат локалните продукти, да се вкуси уникатното најинтересното тоа што ја одликува една земја. Да се запознаат кулинарските вештини кои ги спојуваат  земјите, луѓето и развојот на туризмот, вели доц д-р Кате Илиева професор од Универзитетот во Бургас.

Различни но и многу слични  се  национаните кујни на Балканот.

-Имаме многу слични јадења и ова е многу добра прилика да  го промовираме  она што ги спојува нашите земји а не она што не разделува.Мислам дека имаме многу заеднички нешта.  Гастронимијата и туризмот се многу важни фактори,  кои ги спојуваат нашите земји, вели Фотис Филипирис професор од Грција.

Спојувањето на четирите национални кујни и гастроомските вештини  е дел од проектот Еразмус плус . Националните специјалитети ќе бидат промовирани во секоја земја одделно а потоа со едно заедничко мени  ќе се настапи пред  светските тур операторите.

Деновиве вкусните специјалитети беа промовирани во хотелот Силекс во Охрид. 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани