Македонија домаќин на јубилејното собрание на EUROSAF во 2027 година

Со особена чест и гордост, Едриличарската Федерација на Македонија објави значајна вест за македонскиот спорт – земјава ќе биде домаќин на 30-тото јубилејно Годишно собрание на EUROSAF во 2027 година.

Одлуката била донесена на редовното годишно собрание на европската федерација, кое викендов се одржа во Малта, каде македонската делегација била претставувана од претседателот Stefan Stavrev Divono и генералниот секретар Slavco Mososki.

Ова признание претставува потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, но и значаен чекор кон зголемување на институционалната поддршка и негово позиционирање како национален приоритет.

Од федерацијата истакнуваат дека преку ваквите меѓународни настани ќе се поттикне интересот на државните и локалните власти, со цел заедничко развивање на Охридското Езеро како регионален центар за едрење.

Настанот во 2027 година се очекува да донесе зголемено меѓународно внимание и нови можности за промоција на Македонија како атрактивна дестинација за водени спортови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани