Објавена листа на најевтини и најскапи држави за живот, еве каде е Македонија.
Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот.Како што пренесува kurir.mk, резултатите од истражувањето се добиени во споредба со цените во Њујорк.Компанијата MoveHub која се занимава со истражување и информации за најпопуларните земји за преселување, неодамна објави истражување во која е пресметано колкави се трошоците за живот во земјите ширум светот.Во истражувањето се користени податоци од најголемите светски бази, а во индексот на потрошувачките цени се зема во предвид и колку луѓето ги плаќаат намирниците, превозот, рестораните и комуналиите.Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот. Резултатите од истражувањето се добиени во споредба со цените во Њујорк.Во продолжение ќе прочитате кои се 10-те најевтини и најскапи земји за живот во светот.
Најевтини земји за живот:Пакистан, Египет, Украина, Индија, Тунис, Алжир, Косово, Грузија, Азербејџан, Бангладеш
Најскапи земји за живот:Бермуда,Швајцарија, Исланд, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.
