Македонско албански полициски патроли во Струга

Албански полицајци во униформа, патролираат рамо до рамо со колегите од Струга. Деновиве започнаа мешовитите македонско – албански полициски патроли.

 

Албанските полицајци со нивното присуство на плажите и во угостителските објекти низ градот дополнително влеваат сигурност на бројните туристи од соседна Албанија, кои одмараат на струшкото крајбрежје. Додека македонски полициски службеници патролираат во туристичкиот град Саранда во Албанија.

-„ Полициските патроли кои што се составени од макеоднски и албански полициски служебеници пред се ке делуваат превентивно, ќе претставуваат дополнителна помош на полициските службеници во делот на јавниот ред и мир и секако ќе претставуваат гаранција повеќе за македонските туристи во Саранда и за албанските трусити во Струга во делот на зголемувањето на нивната безбедност и чувството на сигурност“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Албанските полицајци се пријатно изненадување за бројните албански туристи во градот на мостовите. Гостите ги препознаваат, ги поздравуваат и прашуваат .

-„Едно добро и пријатно изненадување од страна на туритсите кои се во градот, тие се чуствуваат многу подобро и побезбедно“, вели Фајтон Селимдари инспектор од Поградец.

Пред три години мешовити македонско српски полициски патроли имаше и во Охрид. Годинава ги нема, но македонски полицајци ова лето патролираат во Будва и Шибеник.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани