Максимални напори и мерки за гаснење на пожарот на депонија Мауцкер

ЈП Охридски комуналец со максимални напори и превземени мерки за гаснење на пожарот на депонија Мауцкер.

-Соочени сме со состојба кога од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Мауцкер
Екипите на Ј.П.,,Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен и се превзедоа сите неопходни мерки за гаснење на пожарот Ангажирани беа екипи на ТППЕ Охрид кои вложија големи напори за истиот да се стави под контрола
Нашите оперативни служби со максимален ангажман за покривање на опожарениот дел со покривање на околу 200 м3 земја
Жалосно е што ова му се случува на Охрид во шпицот на туристичката сезона, а се надеваме дека СВР ќе ги пронајде и санкционира сторителите на овие деструктивни дејствија. Остануваме во мобилна состојба со цел ставање на состојбата под целосна контрола, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани