Малолетници затекнати со алкохол, полицијата вербално нападната

Охрид, 5 април – Малолетници кои консумирале алкохол биле затекнати при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Контролата била спроведена на 04.04.2026 година, во рамки на претходно изготвен план за надзор во угостителските објекти на подрачјето на градот. При акцијата, полициските службеници затекнале малолетници, при што утврдено е дека тројца од нив консумирале алкохол.

За време на преземањето на мерките, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н. од Охрид.

По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани