По пријава од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ извршија интервенција и расчистување на диви депонии мапирани на три локации во Охрид – улиците „Момчило Јорданоски“, „Васил Стевоски“ и на локалитетот Лабино.
При акцијата се подигнати вкупно 16 м³ кабаст и зелен отпад, со што значително е подобрена состојбата на животната средина на овие локации.
ЈП „Охридски Комуналец“ апелира до граѓаните за совесно постапување со отпадот и пријавување на вакви појави, со цел заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава животна средина.


