Мартин Гоџо е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охриодското Езеро

Мартин Гоџо од Варош е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен мегу стотиците капачи кои утрово пливаа во ладните езерски води. Вели по Чесниот крст влегува уште од дете. Тој денес со неговата тајфа има задача да посети голем број домови да го внесе светиот крст и да ја испеат пезнатата црковна песна Во Јордание.

За прв пат светиот крст во водите на Охридското Езеро го положи архиепископот македонски г.г. Стефан.

Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и како што доликува на Балканскиот Ерусалим. Му посакувам многу здравје, среќа и успех на фаќачот на крстот Мартин кој по вторпат го фаќа крстот. Од Општина Охрид за фаќачот на крстот има икона и рачно изработен филигран традиционално како и секоја година, информира градоначалникот Пецаков.

Илјадници верници беа дел од најмасовната црковно народна манифетсација во земјава Богајавление Охрид,. Празникот кој охриѓани го чествуваат со најголем пиетет и љубов. Но покрај охригани имаше и гости и туристи од земјава и странство. Уживаат во убавото сончево време.Од Црвениот крст од Охрид велат медицинските тимови и спасителните екипи имале 15нтина интервенции во вода.

Најсреќен во. Струга годинава беше Томе Голабоски кој по 5 ти пат го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим. И таму Богојавленскиот водосвет годинава го изврши архиепископот г.г. Стефан Илјадници верници го следеа чинот а стотици капачи пливаа во водите

.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани