Масакр во Дебар, убиено цело семејство

Родители и годишно дете биле убиени синоќа во семејната куќа во Дебар.

 -„На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54)  и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Кои се причините за овој масакр не се познати. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани