Утрово пронајдени лешеви на отруени кучиња во стариот дел на градот Охрид.
Мртва била кучка – мајка бездомник со четири мали кутриња. Овие фотографии ги направија жители на Охрид и бараат да престане ваквиот однос кон бездомните кучиња.
-„Случајот го пријавивме и во полиција. Бараме да се стави крај на ваквиот однос кон животните. Кому му згрешиле сиротите кучиња?“, велат охриѓани за Охриднет.ком.
Загрижени велат отровот може да стигне и до домашните миленици па и до мали деца.
Бездомните кучиња се проблем на современа Макеоднија. Ги има во огромен број во сите градови. Локалните самоуправи немоќни да се справат со проблемот за чие решавње се потребни огромни финансиски средства. Изградба на стационари, вработени, храна, лекови итн.