Вчера во Охрид неформално почна третиот меѓународен симпозиум за земјоделство и храна во Охрид. Учествуваат научници, експерти и институции од 26 земји.
Организатор на симпозиумот е Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, кој годинава одбележува 70 години постоење.
Ќе бидат претставени 386 трудови, а во фокусот годинава ќе бидат иновациите и модернизацијата на постжетвените активности, трендовите во високото образование, оценките на потрошувачите на разни биотехнологии.
На конференцијата ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски