Мерко го реши проблемот со депонијата

Општина Струга го решава проблемот со градската депонија. Фирмата  за одржување  со соодветна механизација ја уредува депонијата , па нема спалување, ниту проблеми.

 

Дел од сметот ќе се селектира, а дел  ќе се балира и носи на депонијата „Дрисла“.

-„Веќе работиме на овој проект да балираме и да го пренесуваме оптпадот. Со новиот буџет одобрени се дел од средствата и ние како општина веќе исто така делиме поголем дел на средства да се справиме во целост со депониите“, вели градоначалникот Рамиз Мерко,

Во меѓувреме завршена е техничката документација за изградба на регионална депонија,  обезбедени се  26 милиони евра од ИПА фондовите, спорна е само локацијата. Дебрца не дозволува да се гради депонија на нејзина територија.

– „Во поголемите градови во Европа имате собирен пункт сред град и сред град имате фабрика за согорување или селекција. Тоа сме го виделе во многу европски градови. Сред град е воопшто не загрозува човечки животи“, вели Мерко.

Според експертите изградбата на современата регионална депонија ќе чини околу 200 милиони евра и нема да има никакви псоледици ниту по животната средина,  ниту по човечките животи, а ќе донесе голем број вработувања.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани