Месецов обуки на УЈП во Охрид и Струга

Даночната Академија на УЈП организира еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.

Обуките на Даночната Академија на УЈП ќе се реализираат од 9ти до 31-ви овој месец а ќе бидам овозможени и на заинтересирани физички лица. Во овој временски период, обуки ќе се реализираат и во Охрид и Струга како и во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Берово, Пробиштип, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово, Демир Хисар, Делчево и Виница.Инаку, со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани