Мицкоски избран за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, попладнето беше избран за нов партиски лидер  на 16. вонреден Конгрес на партијата.

Од вкупно 544 делегати на Конгресот вчера пристигнаа 411, но денеска нивниот број се зголемил на 438. Од нив десет воопшто не гласале. Од оние што гласале (428), за Мицкоски се изјасниле 376, а 52 ливчиња биле неважечки.

Ова е прв конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа со отсуство на повеќе од 100 делегати, што е најголема ерозија на довербата во досегашната историја на партијата. Таа е резултат и на забелешките за нелојална конкуренција во постапката за кандидирање, поради што истакнати членови на партијата побараа одложување на Конгресот, но тоа не беше прифатено од Извршниот комитет.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани