Министерот ќе изврши увид во реализацијата на регионалните проекти.
министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, утре ќе ги посети општините Охрид и Дебарца. Тој ќе оствари работни средби со градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески, со кои ќе разговара за нивните развојните можности и приоритети во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој.Во разговорите ќе бидат вклучени и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, претседателот на Советот за развој на Југозападниот плански регион, Рамиз Мерко и раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска.Министерот ќе изврши увид на изведените работи на објектите и инфраструктурата во Охрид и Волино во рамките на регионалните проекти имплементирани од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во партнерски однос со Општина Дебрца и Општина Охрид.
Во Волино, целосно е реконструиран објектот на заедницата за потребите на локалното население како дел од проектот Изведба на енергетско-ефикасни објекти, а во Охрид извршена е реконструкција на кровната конструкција на детската градинка „Развигорче“. Во Охрид,изградена е пешачката патека во должина од 325 м, од Саат кулата до ОУ Климент Охридски.
За овие два зафати во Охрид и Волино, инвестирани се 8,5 милиони денари, средства што се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, преку Програмите за регионален развој.
