Дваесет и деветгодишен мотоциклист од струшкото село Мислешево е тешко повреден во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид – Свети Наум. Несреќата се случила вчера во 11 часот, кога се судриле „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 87-годишен скопјанец, и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од повредениот мотоциклист. Со тешки телесни повреди тој бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде повредите му биле констатирани. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.
