Во Охрид се одржува дипломатска средба на министрите Муцунски и Хасани. Вчера попладне градоначалникот како домаќин ги пречека делегациите.
Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската делегација предводена од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, и албанската делегација предводена од министерот за надворешни работи, Игли Хасани.
Ја користиме секоја можност за промоција на Бисерот на Македонија – Охрид.

