МВР вработува 600 полицајци, 30 во Охрид

Министерството за внатрешни работи денес распиша конкурс за прием на 600 полицајци. Половина од нив (300) ќе бидат вработени во подрачјето на општина Скопје, а останатите ќе бидат распределени во Охрид (30), Куманово (15), Штип (35), Тетово (20), Битола (15), Велес (15) и Струмица (40). Предвидени се и 62 вработувања во Регионалните центри за гранични работи и 50 во Одделот за специјални полициски операции.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
– да е здравствено и психофизички способен;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
– да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
– висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:
– извод од матична книга на родените,
– диплома за завршено четиригодишно средно образование и
– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани