На вонреден конгрес, што денеска се одржува во Охрид, Сојузот на синдикати на Македонија ќе избира нов претседател.
Актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски, кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ останува единствен кандидат за челната позиција на ССМ. Советот и Претседателство на ССМ ја прифатија кандидатурата на Димовски, а ги одбија кандидатурите на Пецо Грујовски-претседател на УПОЗ, како и на Ацо Антовски-претседателот на Македонскиот полициски синдикат.Според претседателството на ССМ, Грујовски и Антовски не ги исполниле условите за кандидатура.
