На повеќе од месец и половина Охрид веќе се букира за Новогодишните празници. Градот се очекува да биде полн со гости.
Дури 50 % од хотелските капацитети се веќе резервирани.
Најголем број од најавените туристи по традиција се од соседните земји Бугарија, Србија и Албанија.
-„Подготовките почнаа и за среќа оваа година многу рано имаме резервација што е одлично. Резервација на хотелксите капацитети. Мислам дека ќе биде одлична Нова година во Охрид“ , вели Тошо Чочороски хотелиер.
Туристичките метрополи од регинот веќе на големо се нудат на социјалните мрежи. Што ќе се случува во главниот туристички центар, дали ќе има спектакуларен масовен дочек се уште не се знае.
-„ Да се овозможи на туристите кои доаѓаат за Нова година во охридските хотели да уживаат трите дена не само во понудата на хотелите туку и во целокупната понуда на градот. Треба да се дефинира каква прослава сакаме“, додава Чочороски.
Охрид веќе е потврдена атрактивна балканска дестинација за новогодишните празници.
Во празничен, накитен амбиент и богата забава, “блескавиот” Охрид ќе се погрижи гостите да имаат незаборавен престој.

Годинава од новиот градоначалник се очекуваат новитети во дечекот на Новогодишната ноќ. Првенствено се очекува нова поинаква елка од златната која со години се става на градскиот плоштад, а постојано е мета на критики.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
