Најмногу дожд во Охрид

22 литри на метар квадратен наврнале попладнево во Охрид.

Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврнало во Охрид, 22 литри на метар квадратен,по што следат Маврово, со 18 литри, Лазарополе со 17, Претор и Пожаране со 15,Тетово со 14. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето вечерва и преку ноќта ќе биде облачно на повеќе места со слаб до умерен дожд. Вечерва врнежите ќе се почести на запад, а преку ноќта врнежите ќе се се почести кон источните делови од земјата. Понекаде на запад и на исток се очекува да наврнат и нови 60 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб ветер променлив ветер, но во јужните делови ветерот ќе е претежно од јужен правец.Утре ќе биде  променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и исток, а кон југ ќе има услови за појава на грмежи. На планините над 2000 метри надморска висина ќе има повремен слаб снег. Ќе дува претежно слаб северозападен ветер.Утре локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен и понекаде особено кон југот со поинтензивните врнежи ќе има услови за ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините на северозапад, а и на повисоките места на североисток ќе има провејување на слаб снег, информира УХМР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани