Напредува изградбата на автопатот Охрид Кичево, се работи и дење и ноќе, ќе се асфалтира и во зимски услови

Изградбата на автопатот Охрид Кичево продолжува со засилена динамика.  Ќе се рабтои во змиски услови и на минусни температури, и дење но и ноќе.  Останува најавениот рок,  целата делница да биде пуштена во употреба до крајот на 2026 година.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој денес изврши увид во градежните работи, најави дека идното  лето  ќе започне изградбата на автопат од Кичево до Букојчани,  а во меѓувреме  се гради и делницата Букојчани Гостивар па се очекува  за три и пол до 4 години во функција да  биде целосно автопатско решение од Скопје до Охрид.

– Денес сме тука да промовираме асфалтирање во зимски услови на минустни температури исто така сте сведоци дека се работи и вовечерните часови. Направивме голема мобилизација се решија рпоблемите со експропријација, се реши проблемот со асфалтирање.  Во моментов имаме мобилизација од околу 300 машини кои работат на целокупната делница на автопатот и преку 600 луѓе секој ден работат, изјави министерот Александар Николоски.

До почетокот на следната летна сезона   се очекува да  биде пуштен во функција делот од автопатот Врбјани Охрид во должина од 40км.

– Ни останува оној делот кој што е од Кичево до Врбјани во тој дел интензивно работиме задно со министерот за да може да направиме санација и стабилизација на косините бидејки тие косини со години наназад се отворена рана изложени на атмосферски влијанија , рече Коце Трајаноски директор на ЈПДП.

-Ова што се случува овие еколку денови, а веќе е видливо работа под рефлектори, континуирана работа, механизација луѓе на автопатот ни дава за право дека она што сме го дале како ветување ќе биде многу скоро остварено. Комплетирањето на оваа автопатска дленица заедно со онаа која веќе зпаочна а тоа е делот од Букојчани до Гостивар ќе претставува одлично поврзување на градот, брзо доаѓање до градот Охрид посебно во туристичките месеци, , рече Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.

Изградбата на автопартот Охрид Кичево, делница во должина од 57 километри  започна во февруари 2014 година. Првиот рок беше дека ќе  биде готова за 4 години.

Фотогалерија

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани