Нарушен јавниот ред и мир во два угостителски објекти во Охрид

Нарушен јавниот ред и мир во два угостителски објекти во Охрид. 

На 18.12. 2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С.(46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св,Климент Охридски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К.(28) и С.П.(43), сите од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во одделен случај на 17.12.2021 година во 17.55 часот во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ.(36) врз Ј.С.(47), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, инфрмира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани