Насилник ја претепал сопругата и нејзиното семејство

36 годишен охриѓанец ја претепал сопругата и нејзиното семејство.

36 годишниот С.И. од Охрид, со тупаници ја нападнал сопругата и другите членови од нејзиното семејство а од охридската полиција заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и ,,неизвршување на судска одлука”.Пријавениот, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во селото Долно Лакочереј. Тој, спротивно на решението од Основниот суд- Охрид со кое му се забранува вршење семејно насилство, околу 14 часот и 30 минути, насилно влегол во домот на родителите од неговата сопруга и започнал да ја влече, викајќи и на висок тон. Потоа, физички ги нападнал и нејзината сестра и таткото, удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и вратот. Потоа, пријавениот со камен го скршил задното стакло од патнички автомобил „Југо“ по што, насилно го одзел нивниот малолетен син.
-Со извршувањето на казненото дело, пријавениот не постапил по правосилна одлука на судот а со извршеното грубо насилството, кај оштетените предизвикал чувството на страв и несигурност, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles