Со удари по целото тело, охриѓанец ја пребил својата сопруга. Таа била пренесена во болница со сериозни повреди.
СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (47) од Охрид.Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти ноември и на 12-ти декември минатата година во семејниот дом во охридското село Горно Лакочереј, во вечерните саати.Поради одредени семејни недоразбирања, пријавениот започнувал жестока вербална расправија со својата вонбрачна сопруга а потоа и физички ја нападнал. Тој, по главата и по целото тело, ја удирал со раце и нозе нанесувајќи и крвни подливи и други повреди.
-Врз оштетената, по основ на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, извршен бил медицински преглед на хируршкото оделение при Општата болница во Охрид, каде биле констатирани повредите и и била пружена неопходна медицинска помош. По консултација и овластување на Јавниот обвинител, сега пријавениот Љ.Ј. бил лишен од слобода, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
