Денес се одбележува Светскиот ден на органодарувањето.
Оваа година по неколкугодишното традиционално одбележување на меѓународниот ден на органодарувањето, денес охридскиот плоштад осамна без вообичаеното присуство на претставници од здружението Храбро срце. Причина за тоа е непредвиденото хоспитализорање на претседателот на здружението во КВЗ Охрид поради влошеност на здравствената состојба.
Претседателот Васко Јолески по повод овој ден уште еднаш упатува апел за подигање на свеста за органодарувањето но и ги потсетува надлежните дека државата треба да вложи повеќе во сферата на трансплантната медицина и да отпочне национална кампања за подигање на свест, а здружението ги става на располагање сите видео матерјали од јавни личности кои ги поседува во насока на подигање на свеста за органодарувањето. Да не дозволиме еден по еден, лицата со механичка циркулаторна потпора на сррце да ја изгубат битката за продолжување на своите животи.
За жал во земјава се уште е ниска свеста за органодарување и итно е потребна национална кампања за подигнување на јавната свест, во моменти кога се губи најмилиот да се направи чекор на најголема хуманост да се спаси друг живот.
