Привршува асфалтирањето на втората лента од автопатот Климештани Охрид

Интензивно тече изградбата на автопатот Охрид Кичево. Заврши изградбата на надвозникот кај клучката Подмолје, привршува асфалтирањето и наскоро ќе биде пуштена   во употреба втората лента од автопатот на потегот од  село Климештани до Охрид.

-Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму имаме 10тина , ваму имаме 5, 6.

 Ниту едно населено место нема да остане без пристапен пат. Во првичниот проект не била  превидена конекција на 15 000 жители кои гравитираат на потегот, но веќе се проектирани и започната е изградба на 16 надпатници и подпатници.

– Нема да има село или населено место на овој потег, кое што нема да е споено или директно на автопат,  или со пристапен пат на најблиската точка каде што може да се приключи на автопат. И  само кога сетотоа ќе е завршено, ќе се пушти во функција и овој дел.  Иначе, доколку работевме само на главната траса,  тогаш можеше и кога се отвараше горниот дел од патот да се отвор и овој, 03:19 но тоа ќе значеше 15 000 луѓе отсечени и затоа решивме тука да  дадеме малке повеќе време со цел да луѓето добијат пристап, рече минисетрот за транспорт Александар Николоски.

Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика.  Се градат надвозници,  се асфалтира, се поставуваат бетонски греди и еластична ограда.

-Да напоменам, а вие и самите гледате, дека од Климештанин пас е до Окрид, значи е активно се работи сгоро на секој метар. Има огромен број на механизација, ова невидено до сега, многу изведувачи, многу подизведувачи, сите заедно сме сплотени за да може оваа делница да ја пуштиме што поскоро, рече Коце Трајаноски директор на ЈПДП.

Изградбата на автопатот Охрид Кичево започна во  февруари 2014 година, проектот имаше бројни недостатоци и застој со години. Последниот рок за негово конечно пуштање во употреба е крајот на 2026 година.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани