Недостигаат конзерватори во земјава

Недостигаат  конзерватори во земјава. Многу мал е бројот на конзерватори сликари,архитекти и археолози.

 

Потребно е вложување во млад стручен кадар кој ќе ги наследи искусните во поодминати години. 

-„ Да се најдат можности под итно, не ние да ургираме, тоа треба да ургира целото општество. И ние сега како Национален Комитет сакаме и инсистираме да се формира таков едукативен систем за обука. Останавме постарата генерација, луѓето ќе умрат или ќе одат во пензија како јас што сум, ќе нема луѓе ќе нема стручен кадар. Апелираме до надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот“, вели  д-р Лазар Шуманов-претсед.на ИКОМОС Македонија.

Експертите  ја посочуваат потребата од нова генерација конзерватори во земјава.

-„Во некои музеи и заводи  конзерватори заминаа во пензија, а нивите работни места не се пополнија. Со тоа драстично се намали конзерваторскиот кадар, а пропорционално се намалија и конзерваторско-реставраторските проекти“, велат добрите познавачи. 

 На повеќе проекти на реставрација и конзервација  ширум земјава се ангажираат конзерватори од странство што чини многу повеќе. При реставрацијата на фрескоживописот Света Богородица Перивлепта беа ангажирани конзерватори од Италија. 

 

Social profiles