Недостигаат планинарски одморалишта

Заживува планинскиот туризам, но недостигаат сместувачки капацитети. Бегајќи од секојдневието и градскиот метеж граѓаните се повеќе слободното време го минуваат на некое мирно планинско место.

Живописната природа, чистата еколошка средина и храна се главните атрибути да расте бројот на туристи и посетители во малкуте планинарски домови во Југозападниот регион во земјава.
Такво е планинското одмаралиште во подножјето на Шара на врвот Љуботен на 1700 метри надморска висина ,идеално место за рекреација, спорт, планинарење и здравје .

– „На „National geographic“ излезе од топ 10 дестинации за посета на Македонија јас со задоволство можам да ви кажам дека сум прв 00:57+01.27 Па да не речам скоро од цел свет, имам американци, тунижани, англичани, германци, французи до сега што ме посетиле а за и од сосетството да не зборувам,од Македонија во континуитет гости„, изјави Васе Водоески од вила,,Љуботен “.

Македонија има прекрасни планински масиви и можности но недостигаат нови современи планински одморалишта со услови за странските и домашните туристи.

-„Власта треба да се заангажира, под број два може да се заангажираат планинарите, но буџетот на планинарите конкретно во Македонија е многу слаб.Така што сите се молиме на странски невладини организицации најчесто тоа се Франција,Швајцарија, Германија кои имаат голема алпинистичка и планинарска култура и кои најмногу можат да помогнат од таа област“, изјави Владимир Хари Крстески –планинар.

Во земјава има околу 40 планинарски домови, но повеќето не само што не нудат луксуз туку им е потребно реновирање.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани