Нов инвентар во охридската гимназија

ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.

 

Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.

Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани